Вангеловски за ТВ24: Мојот разговор со Јанакиески во бомбите е веродостоен
Можеби никој не претпоставуваше дека токму претседателот на највисокиот суд во земјата ќе биде првиот што директно ќе признае дека „бомбите“ кои што опозицијата ги пласираше во јавноста и откри како владее партијата на екс премиерот се веродостојни, но токму тоа се случи набрзо по изборот на Јово Вангеловски на старо-новата функција.
Во ексклузивното интервју на Телевизијата 24 адвокатот Вангеловски призна дека гласот во бомбите е негов, односно неговиот разговор со екс министерот за труд и социјална политика Миле Јанакиески е веродостоен.
Меѓудругото, Вангеловски најави коректна соработка со Специјалното јавно обвинителство.
Дел од интервјуто може да погледнете во видеото подолу:
Слично
