Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вангеловски: Рокот на СЈО е истечен, доколку пресуда стигне до Врховен, ние ќе ја укинеме

Вангеловски: Рокот на СЈО е истечен, доколку пресуда стигне до Врховен, ние ќе ја укинеме


Јово Вангеловски, претседатеот на Врховен суд, во синоќешното гостување во емисијата Топ Тема на Телма наведе дека рокот на Специјалното јавно обвинителство законски е истечен и врз основа на тоа било донесено фамозното мислење дека не треба да се гонат актуиелни и поранешни функционери за кои било отворена истрага, односно се поднесени обвиненија во последните 18 месеци.

Тој наведе дека сите институции во правосудството ќе функционираат тековно, но доколлку некоја пресуда од случаите од прислушкуваните материјали стигне до Врховен суд, истиот ќе ја укине врз основа на ова мислење.

– Законот е јасен, рокот е истечен и токму затоа општата седница на Врховниот суд безмалку едногласно ја констатира таа состојба. Ние не забрануваме никому ништо. Доколку Кривичниот суд донесе пресуда за некој предмет од СЈО отворен после рокот и осудениот се жали до Апелацискиот суд, а потоа жалбата стигне и до Врховен суд, тогаш Врховниот суд ќе ја укине пресудата, посочи Вангеловски.

Кривичен вечера донесе заклучоци со кои покажа дека се сомнева во одлуката на врховен и надлежноста му ја препушти на Собранието, тоа да пресече каква ќе биде судбината на СЈО и истрагите за многу поранешни и сегашни функционери.

Државниот обвинител Љубомир Јовески сега треба да се изјасни за тоа кое обвинителство во иднина ќе ги застапува предметите на СЈО.

Слично

Поврзани вести