Вангеловски купил исти возила како и Караџовски
Врховен суд вчера донел одлука да се купи автомобил „БМВ“ за претседателот Јово Вангеловски во вредност од 40.000 евра. Врховниот суд неодамна набави и „Опел Астра“ за 16.000 евра, објави 24 Вести.
Тоа се истите возила кои неодамна ги набавил и Судскиот совет, на чие чело е Зоран Караџовски.
Вангеловски рекол дека мерцедесот во кој се возел бил стар и набавен преку конфискација, додека за новиот автомобил била обезбедена цена на попуст. и дека не му личело на неговата функција да се вози во поевтина класа на возило.
„Воопшто не го сметам за луксуз, тоа е далеку под стандардите кои треба да ги има службено возило за претседател на Врховен суд, имајќи во предвид какви се стандардите во Европските Врховни Судови. Ќе се возам само за службени потреби бидејќи приватно се возам во „Мерцедес“ кој е далеку полуксузно возило. И немам причина да уживам во возењето со службеното возило кое е значително поскромно од моето приватно возило“- изјави Вангеловски.
