Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАНЕ ЦВЕТАНОВ СО ИНТУИЦИЈА: Ако прифати да сведочи, Миле Јанакиески заслужува слобода, тој има доста џокери, но и товар од обвиненија

ВАНЕ ЦВЕТАНОВ СО ИНТУИЦИЈА: Ако прифати да сведочи, Миле Јанакиески заслужува слобода, тој има доста џокери, но и товар од обвиненија

Ване Цветанов, поранеше директор на Управата за перење пари и спречување тероризам, има интуиција дека од поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески во голема мерка може да зависи идниот развој на настаните. Според него, тој има доста информации, за како што вели, криминалите на Груевски, а од друга страна има голем товар од обвиненија.
Тој ова го напиша на својот фејсбук профил.
„Почитувани, интуицијата ми вели дека идниот развој на настаните во ДПМНЕ би можел во голема мера да зависи од Миле Јанакиески. Од една страна Миле има доста џокери во рака - информации за криминалите на целата банда на Грујо, а од друга страна носи голем товар од обвиненија.

Ако би требало да се избере сведок преку законските можности за спогодба, со цел да се исчисти од корен целата банда на Никола Груевски, Сашо, и останати бандити, идеален сведок е Миле. Би бил среќен Миле да биде целосно ослободен од вина ако се отвори и проговори во судница за сите сообвинети и се што знае.

Миле е инволвиран во најголем број на предмети и затоа во Суд го доби прекарот Миле - вегета, затоа што го има скоро во сите предмети од поранешното СЈО. Мислам дека Миле заслужува слобода ако прифати да сведочи за сите сообвинети... Вие што мислите во врска со ова?“, пишува Ване Цветанов на својот фејсбук профил. 

Слично

Поврзани вести