Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ване Цветанов: Почина уште еден неправедно осуден во „Змиско око“

Ване Цветанов: Почина уште еден неправедно осуден во „Змиско око“

Ване Цветанов, поранешениот директор на Агенцијата за спречување на перење пари и актуелен водач на здружението „Зелена лупа“ објави дека починал уште еден обвинет во аферата „Змиско око“ кој не го дочекал неговото повторно судење. Тој додава дека ова е четврт смртен случај меѓу десетиците своевремено обвинети во фамозниот случај со апсењето за наводна мито и корупција при наплата на патарините.

„Чекајќи ја ветената правда, почина уште еден наш соборец.- Звонко Бојаровски од Тетово, притваран, суден и психички малтертиран во случајот "Змиско око".  Случајот Змиско око е базиран на вештачење од вештак во 2007-ма година, а вештакот добил лиценца во 2010-та година. Што значи НЕЗАКОНСКО и непрофесионално вештачење.
Врз база на вештачењата на квазивештакот беа апсени граѓани од случаите Змиско око, калдрма и други случаи. Случајот Змиско око сеуште се влече по судови, веќе 12 години, а Звонко е четврта жртва од овој случај кој што почина ЧЕКАЈКИ ЈА ВЕТЕНАТА ПРАВДА“, објави Цветанов кој и самиот беше де од случајот „Шпион“.

Цветанов додаде дека „боли тоа кога слуги на поранешниот режим добиваат ослободителни одлуки, а ветената правда за жртвите е блокирана и се чува во фиоки“.

Слично

Поврзани вести