Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вандалски чин е и испративме остар демарш: Захариева преку амбасадорот Ангелов реагира на палењето на бугарското знаме во Вевчани

Вандалски чин е и испративме остар демарш: Захариева преку амбасадорот Ангелов реагира на палењето на бугарското знаме во Вевчани

Остар вербален демарш доставил до македонското Министерство за надворешни работи, бугарскиот амбасадор во земјата Ангел Ангелов. Тоа го сторил на барање на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева која самата синоќа ја сподели информацијата. Повод за демаршот се информациите дека наводно било запалено бугарското знаме во Вевчани, завчера, кога полицијата успеа да растури собир под маски оранизиран како замена на традиционалниот Вевчански карневал.


„По повод медиумските публикации за изгорено бугарско знаме во селото Вевчани, во Република Северна Македонија, му наредив на бугарскиот амбасадор во Скопје Ангелов да и го изрази на Владата на РСМ нашето силно огорчување од овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе направи остар усмен демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ, напиша Захариева на фејсбук.


Слично

Поврзани вести