Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вандализиран изборен штаб на ВМРО во Кавадарци - Ова е деструктивно сценарио

Вандализиран изборен штаб на ВМРО во Кавадарци - Ова е деструктивно сценарио

Изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци бил мета на вандали и скршени се прозорците од објектот. Од владејачката партија обвинуваат дека ова е дело направено од нервоза и паника и е дел од деструктивно сценарио, па затоа бараат полицијата што побрзо да ги пронајде виновниците. 

„Случајно или не, месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше оштетен истата вечер кога СДСМ отвораше канцеларии во истата населба. На ова одговор треба да даде полициската истрага. Им порачуваме тоа нема да ви успее. Ваквите кукавички напади нема да исплашат или поколебаат никого. Доаѓа времето кога граѓаните ќе ги казнат  деструкциите и насилството“ посочија од ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести