ВАНДАЛИЗАМ ОД НАЈДОЛНО НИВО: Некој ги искршил фотографиите од настраданите во Пулс, кои беа поставени на плоштадот во Штип
Ужасна фотографија осамна на социјалните мрежи. Според објавата на групата Штип денес, некој ги искршил фотографиите на починатите лица од пожарот во дискотеката во Кочани, а кои беа поставени на плоштадот во знак на почит. Починатите беа од Штип.
„ШТИП ДЕНЕС: Искршени сликите на починатите во пожарот во Кочани што беа поставени на плоштадот.
Си патиме од самите себе, самите себе си се секој ден самоуништуваме, НИКОЈ НЕ НИ Е КРИВ...
Каков човек треба да бидеш за ова да го направиш?“, се вели во објавата.
Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ загинаа Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов, Дамјан Таневски и Филип Ивановски. Нивните фотографии беа поставени на Градскиот плоштад „Слобода на 16 март, кога се случи трагедијата во која животите ги загубија 62 лица.
