ВАНДАЛИЗАМ: Искршени уште два партиски штаба
Оштетени се уште два партиски штаба во екот на изборната кампања.
Во Битола е скршено стаклото на влезната врата од месната канцеларија на ВМРО-ДПМНЕ на улицата „Црвени Стени“.
Партискиот штаб на БЕСА на улицата „Тале Христов“ во Скопје бил искршен во текот на викендот. Искршени се две стакла и искинати се неколку плакати.
Полицијата информира дека презема мерки за расчистување на двата случаи.
Откако почна кампањата искршени беа штабови во Скопје и Кавадарци.
Слично
