Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАНДАЛИЗАМ - ОВА Е ПАРКОТ ЖЕНА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: „Да се извади и тоа што е останато и да не се поставуваат нови елементи“

ВАНДАЛИЗАМ - ОВА Е ПАРКОТ ЖЕНА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: „Да се извади и тоа што е останато и да не се поставуваат нови елементи“

„Жена парк – Борец“, симболот на Скопје во центарот на градот наликува на сцена на уништување. Фотографиите направени вчера, кои скопјани ги споделуваат на социјалните мрежи-прикажуваат скршени клупи, расфрлан отпад, и заеднички простор кој наместо да служи за релаксација, претставува слика на неодговорност и вандализам.

Граѓаните реагираат со сериозна загриженост и револт кон надлежните служби. На социјалните мрежи се споделува апел до Општина Центар, Град Скопје, и Владата за итни мерки. Некои од реакциите сугерираат дека е „крајно време да се извадат сите урбани елементи од паркот и да не се поставуваат нови“. 

„Паркот одамна е заборавен од службите кои треба да се грижат за неговата безбедност и хигиена, и покрај поставените камери и обезбедување“, се вели во една од реакциите.

Жителите на Скопје сметаат дека ситуацијата е алармантна и дека „идеи за обновување на паркот“ не можат да се спроведат додека не се решат основните проблеми со вандализмот и безбедноста. Некои дури ја нарекуваат состојбата „идиотизам“, посочувајќи дека градот не успева да го заштити јавниот простор.


Слично

Поврзани вести