ВАНДАЛИ СИНОЌА ДИВЕЕЛЕ ВО ТЕТОВО И ИСКРШИЛЕ МЛАДИ ДРВЈА - Арифи најавува дека ќе бидат откриени и санкционирани
Десетина дрвја кои беа посадени долж тротоарот на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово во близина на градскиот стадион, се срамно искршени.

Се уште не се знае кој го извршил овој вандалски чин, но градоначалничката Теута Арифи, која информираше за овој испад на несовесни граѓани, ветува дека тие наскоро ќе бидат откриени и ќе одговараат за ова свое дејствие.

Инаку, вработените во комуналното претријатие информирале дека оштетувањата се забележани синоќа по 22.30 часот.
„Оштетувањето на дрвјата, зеленилото и јавниот имот е вандалски и срамен чин. Сторителите на еден ваков недостоинствен чин ќе бидат откриени и против нив ќе биде поведена соодветна правна постапка“, напиша Арифи на фејсбук.

Ова е постот на Арифи.
Слично
