Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАН ХОЈТЕ ДО ВЛАДАТА: Една изгубена битка не значи изгубена војна

ВАН ХОЈТЕ ДО ВЛАДАТА: Една изгубена битка не значи изгубена војна

Честитки за многуте граѓани кои го поддржуваат Преспанскиот договор и нивната иднина во ЕУ, пишува  Ван Хојте на социјалните мрежи, кој беше посредник за Договорот од Пржино. 

„Нема кворум за референдумот за промена на името на Македонија? Штета што од 2016 година, не се направени сериозни напори за детален преглед на списокот на гласачи и за преиспитување на начинот што да се прави со многуте граѓани кои ја напуштаат земјата и живеат во странство“ - пишува Хојте. 

Ја повика Владата да не поднесе оставка, но да продолжи со работата. 

„Не губете време и пари за предвремени избори, но ангажирајте се во решавањето на многуте проблеми во вашата земја“ - пишува тој. 

Советува да се работи на економија, владеење на право, здравство и друго.

Слично

Поврзани вести