Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Валенсија, Њујорк и Сао Паоло се најубавите градови во кои имам настапувано“: Интервју со најуспешната македонската тенисерка - Лина Ѓорческа

„Валенсија, Њујорк и Сао Паоло се најубавите градови во кои имам настапувано“: Интервју со најуспешната македонската тенисерка - Лина Ѓорческа

„Најлуд“ момент што го има доживеано е настапот на Ролан Гарос лани пред 10.000 гледачи. Со задоволство се препушта на маратонско гледање на култната серија „Пријатели“, која, никогаш не излегува од мода. Вели дека Валенсија, Њујорк и Сао Паоло се најубавите градови кои ги има посетено кога настапувала.

Таа со право го носи епитетот најдобра македонска тенисерка во историјата, а нејзиното име е симбол на успех и посветеност во светот на спортот. Лина Ѓорческа уште на шестгодишна возраст го открила својот талент за тенис, момент што ја одбележал нејзината професионална патека.

Што би одбрала да биде ваша професија доколку не беше тенисот – некое друго хоби или професија?

- Архитект. Премногу сакав да студирам архитектура, меѓутоа поради тенисот и многу патувања немав начин да присуствувам на настава и морав на вонредни студии, а за архитектура немаше таква опција.

Кое македонско јадење најмногу ви недостига кога сте надвор од земјата?

- Поради тоа што сум цело време на пат, некако се имам адаптирано на покласична храна и не би можела да кажам дека нешто ми недостига. На пример омилено јадење ми е паста со морски плодови, што е скроз спротивно и не е вообичаено за нашата кујна.

Во продолжение целосното интервју на најдобрата македонска тенисерка за Женски магазин.

Слично

Поврзани вести