Валандово ќе ја реши судбината на „Казандол“
Во Валандово денеска ќе се одржи референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат дали се за или против изградбата на рудникот „Казандол“, но и за можното отворање на други рудници на територијата на градот.
За да биде успешен референдумот, треба да излезат минимум 5.200 граѓани со право на глас.
Против изградба на новите рудници во овој регион досега се изјаснија граѓаните од Богданци, Дојран и Гевгелија. Иднината на нашите генерации зависи од она што ќе го направиме оваа недела, порачаа активистите кои веќе подолг период водат кампања против изградбата на рудникот „Казандол“.
„Спас за Валандово“ ги информираше граѓаните за штетните последици од отварање на рудник.
Имаше и поплаки дека трпат притисоци за да не излегуваат на гласање.
