Економија, финансии, бизнис

Контакт

Валандовчани не сакаат рудници на смртта, премиерот и Владата прозвани да го одржат ветувањето

Валандовчани не сакаат рудници на смртта, премиерот и Владата прозвани да го одржат ветувањето

Последниве денови Валандово и регионот протестираат против отворањето на рудникот за бакар Казандол. 

Неколку стотици граѓани од Валандово, Гевгелија, Богданци и останатите општини од југоисточниот регион на протестните маршеви побараа од властите да си го одржат дадениот збор и да ги исполнат дадените ветувања во предизборниот период.

„Нашето најголемо барање до власта е веднаш да ја запре изградбата на рударскиот комплекс Казандол. Очекуваме дадените ветувања да се исполнат и не отстапуваме од тоа. Овие луѓе овде, преку протестен марш покажаа колку им е важна здравата животна средина и покажаа дека се подготвени да се борат за тоа право со сите сили.“, порачуваат граѓаните.

Југоистокот незапирливо го прозива премиерот и Владата да реагираат и да го спречат почетокот на крајот за граѓаните од Југоисточна Македонија.

Имено за денес инвеститорот на рудникот Казандол отпочнува со минирање, но граѓаните преку социјалните мрежи порачуваат дека нема да ги прифатат мирно активностите и ќе покажат отпор.

Слично

Поврзани вести