ВАЛАНДОВЧАНИ ЌЕ ИЗЛЕЗАТ НА БЛОКАДА: Бараат одлука за референдум
Од граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ за денеска најавија блокада.
Таа ќе започне од 11 часот на крстосницата Валандово-Пирава-Марвинци.
Со блокадата ќе го изразат револтот поради несвикувањето на итна седница од претседателката на Советот на општина Валандово, на која Советот треба да донесе одлука за одржување референдум на 9-ти јули.
„Со оваа нејзина постапка само потврдува дека работи против интересите на граѓаните, а со тоа го зголемува револтот и недовербата на граѓаните кон локалните власти“- велат од иницијативата.
Од синоќа тие започнаа да ги повикуваат жителите да излезат на блокада.
Слично
