„ВАКВИ ТЕАТАРСКИ ПРЕТСТАВИ СО СПЕКТАКУЛАРНИ АПСЕЊА ИМАШЕ ВО ВРЕМЕТО НА МИЈАЛКОВ И СЕГА“: Адвокатот Стеваноски со реакција за акцијата во прилепската болница
Полициската акција која вчера се реализираше во прилепската болница со која се испитувале наводи за злоупотреби со јавни набавки, се огласи адвокатот Жаре Стеваноски, кој вели дека ова се прави за медиумска претстава.
„ВРЕМЕТО НА МИЈАЛКОВ И БЛЕДАТА КОПИЈА ОД НЕГО!
Вечерните вести!
Голема полициска акција во Прилеп од страна на финансиската полиција. Приведени поранешни директори и вработени во Општата Болница Прилеп и високи функционери на СДСМ в.в со финансиски злоупотреби во болницата.
Зошто сега?
Веднаш после именувањето на новиот в.д Директор на Општата Болница Прилеп, Кире Јоноски се закажа пресс конференција на која новоименуваниот обелодени дека во болницата биле вршени финансиски злоупотреби. Значи, не пријави во МВР ниту во ОЈО, ами дирек во етер....
Финансиската полиција цела година превземаше предистражни мерки, истражуваше, вршеше претреси, проследени со медиумска покриеност, често потоа се нервираше, ги повикуваше осомничените на распит, никој од осомничените во ниту еден момент не откажуваше соработка, ниту пак избегнуваше соочување со дилемите во предистрагата..
И сега, веднаш после победата на ВМРО на локалните во Прилеп, на финансиската полиција после една година "работа" и светна алармот, па реши приквечер по темница од Скопје да се закрене во Прилеп и во приквечерните часови да направи "спектакуларна" акција за апсење на осомничени, кои впрочем би дошле и на телефонски повик пред било кој државен орган.
И тоа не е се
Дојде, ги приведе, ги предаде на ПС Прилеп и си замина Скопје, за да наутро повторно дојде со целата свита за да ги спроведе од ПС Прилеп преку пешачкиот премин до ОЈО Прилеп.
Значи тие мора да отседнат една ноќ во ПС Прилеп за "квас", оти таков е рецептот. Овдешниот началник на МВР ќе му биде чувар да не побегнат, чунки тие цела година не можеа да се одлучат кај да побегнат, па ете вечерва да не ја дувнат од законот...
Претпоставувате зошто не вечерва, ами утре?
Вечерва на социјалните мрежи одекна спектаклот за "големата" акција на финансиската полиција со наслови кои привлекуваат внимание во јавноста и јавноста во Прилеп тоа треба добро да го обработи, да го свари и по прилепски да се загрее за продолжението утре....
Се кладам дека наутро, спроведувањето од ПС Прилеп до ОЈО Прилеп (преку улица) ќе биде овековечено со новинарски снимки од носењето на осомничените во лисици.
Вакви театарски претстави со спектакуларни апсења, лисици, спроведувања во суд пред фокусот на новинарските камери, имаше во времето на Мијалков и сега.
Ви делува познато?
Е сега, можеби нема да видите реализација на ветеното од изборите, ама очигледно добро ќе бидете духовно нахранети со турскиве серии во продукција на МВР, колку да се рече дека се работи нешто де....“, напиша тој.
Слично
