Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ СЕЗОНСКИОТ ГРИП БЕСПЛАТНИ: Граѓаните со хронични болести да се заштитат

ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ СЕЗОНСКИОТ ГРИП БЕСПЛАТНИ: Граѓаните со хронични болести да се заштитат

И оваа година вакцините против сезонскиот грип ќе бидат бесплатни за граѓаните над 65 години и за оние кои имаат хронични заболувања. Се очекува до октомври да бидат набавени, за да навреме почне имунизацијата за да населението биде заштитено токму во периодот кога се очекува и есенскиот бран од корона вирусот.

Од Центарот за јавно здравје во Скопје велат дека оваа година двојно ќе биде зголемен бројот на дозите за сезонскиот грип, односно ќе бидат набавени 60.000 вакцини и препорачуваат особено ранливите категории граѓани да ја примат. За останатите, цената на вакцината против сезонскиот грип ќе чини 600 денари. 


Слично

Поврзани вести