Вакцините на АстраЗенека во Македонија само на помлади од 65 години
Д-р Александра Грозданова при претставувањето на националниот план за имунизација денеска објасни дека засега ќе се следат препораките од останатите земји и вакцината на „АстраЗенека“ нема да ја примаат лица постари од 65 години.
-Информациите за „АстраЗенека“ ги следиме на тековна основа досега официјално соопштение од СЗО нема дека не треба да се користи , но искуството од другите земји како Франција, Шпанија кажуваат дека оваа вакцина нема ефект кон постарата популација.Ние овие препораки ќе ги следиме и очекуваме дека оваа вакцина ќе биде дадена на лицата под 65 години. Не значи дека оваа вакцина е штетна туку таа дава помалку ефект кај постарата популација, рече Грозданова.
Освен кинеската, засега е познато дека вакцината на „АстраЗенека“ во Македонија ќе дојде во март и тоа ќе биде првата првата количина испорачана преку КОВАКС системот
Слично
