Вакцините кои не се со поминат рок сепак ќе бидат уништени
Вакцините против морбили за кои се испостави дека не се со поминат рок, туку само погрешно бил наведен датумот на декларацијата, од етички причини ќе бидат уништени, донела одлука Агенцијата за лекови и медицински средства, објави „Независен“.
Станува збор за вкупно 624 вакцини, а увозникот и дистрибутер Македонија лек“, тоа треба да го направи во рок од три дена. Се разгледува и можноста компанијата да биде суспендирана во можното учество на следниот тендер.
Казната за ваков пропуст на „Македонијалек“ би можело да ја чини 50.000 евра. Бидејќи вакцините веќе користени во имунолошките процеси, одговорност ќе се бара и од директорите на здравствените домови и од вработените во вакциналните пунктови.
Слично
