ВАКЦИНИРАНИТЕ ШТО ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА ОД КОВИД ВО СРБИЈА ДОБИЛЕ СИНОФАРМ И ИМААТ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ - д-р Беќаровски очекува бројки и од нашите власти
3,7 милиони дози се дадени од вакцината на Синофарм, 602.000 дози Спутник В, 255.000 АстраЗенека, и 1,3 милиони дози Фајзер.
Во текот на вчерашниот ден на болничко лечење биле 6.155 граѓани, а на респиратор биле 291 пациент.
Од 6.155 граѓани во болница, 5.850 се невакцинирани, што е 95,04 отсто, додека, пак, 305 се вакцинирани, што е помалку од 5 проценти.
Од 305 вакцинирани граѓани колку што се во болница, пресекот на видови на вакцини е следен:
299 граѓани се вакцинирани со Синофарм, а од нив, 201 се дијабетичари, сите над 65 години, 21 се онколошки пациенти над 60 години, 31 пациент се на дијализа и се сите над 50 години, а останатите 46 граѓани се сите над 50 години и имаат нејасна историја на болести.
Потоа, тројца пациенти примиле Спутник В, сите имаат над 70 години, а од нив еден е дијабетичар, двајца се со АстраЗенека, и двајцата се дијабетичари од 58 и 72 години, а еден е што ги примил дветер дози на Фајзер и е дијабетичар од 72 години.
Од 251 пациент кои се на респиратор, нема ревакцинирани, односно сите се невакцинирани.
Во последните 45 дена нема ниту еден пациент кој е ревакциниран.
