Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вакцини од Србија и за докторите од „Аџибадем Систина“

Вакцини од Србија и за докторите од „Аџибадем Систина“

Владата на Србија донирала 100 вакцини за Ковид-19 наменети за докторите и медицинскиот персонал на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, соопштуваат од болницата.

„Медицинскиот персонал на „Аџибадем Систина“ веќе една година е во првите редови во борбата со Ковид-19, беа вклучени и директно во работата со ковид- пациенти, работеа неимунизирани, а како и сите здравствени работници се најизложени на вирусот. Пред кратко време КБ ,,Аџибадем Систина’’ ја започна и постапката за имунизација на медицинскиот персонал преку македонското Министерство за здравство, која ќе се одвива етапно. Во овој предизвикувачки период во кој сите се наоѓаме, изразуваме голема благодарност за донацијата на вакцини од Р Србија со кои ќе се имунизираат дел од докторите и медицинскиот персонал што е од огромно значење за Клиничката болница ,,Аџибадем Систина’’, велат од болницата.


Слично

Поврзани вести