Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вакцината на „Фајзер“ од денеска чека одобрување од Европската медицинска агенција: Ова е финален чекор

Вакцината на „Фајзер“ од денеска чека одобрување од Европската медицинска агенција: Ова е финален чекор

Фармацевтската компанија „Фајзер“ денеска ја пријави вакцината против корона вирусот, што заеднички ја разви и ја произведе во соработка со германската биотехнолошка компанија „Бионтек“  и веќе чека одобрување oд Европската медицинска агенција.

Како што пишува германската новинска агенција ДПА, „Фајзер“ и „Бионтек“ сакаат вакцината да биде достапна во Европа до крајот на годината.

Инаку, во последната фаза од развојот на вакцината, односно кога се прават веќе клиничките испитувања, потврдено е дека токму оваа вакцина има 95% ефикасност.


Слично

Поврзани вести