Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вакцинална сага: Граѓаните се пријавуваат, вакцини нема

Вакцинална сага: Граѓаните се пријавуваат, вакцини нема

Над 37. 000 граѓани досега се пријавиле преку онлајн апликацијата за вакцинирање против Ковид-19. Веб-страницата беше пуштена во функција пред три дена, а на неа може да се пријави секој граѓанин заинтересиран за вакцинација. Освен на овој начин, пријавувањето за вакцинирање ќе може да се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин”.

Додека граѓаните се пријавуваат се уште не се пристигнати вакцините - премиерот Заев рече дека тие 8.000 дози кои ни ги отстапи Србија ќе дојдат наскоро односно кажа дека е прашање на денови или часови. 

„Се работи за подготовка на техничката документација од „Фајзер” кон Србија за реекспорт, или за реплаќање или донација од Србија. Целта е прво да стигнат 4.000 вакцини, а потоа и другите 4.000, изјави Заев, кој потенцира дека раководството на Србија сака час поскоро да ни ги достави вакцините, рече Заев. 

Минатиот понеделник Владата го потпиша договорот со Кински Синофарм за набавка на 200.000 фози од кинеските вакцини, но во моментов и тие се чекаат. Како што вели, Заев, треба да помине Кинеската нова година па вакцините да тргнат.

Претседателката на Комитетот за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова во синоќешното гостување на телевизија „Сител” изјави дека нашата држава месеци наназад се подготвува за една од можеби најголемите операции, не само кај нас, туку и на светско ниво, а тоа е логистиката околу пристигнувањето и дистрибуцијата на вакцините и нивната апликација и ние сме целосно подготвени да ги примиме вакцините.

Таа потенцира дека поради најавите за доаѓањето на фајзеровата вакцина уште од декември минатата година, нашиот здравствен систем е подготвен и во делот на складирање.

„Обезбедени се неколку фрижидери на минус 70, од кои едниот е веќе во Клиничкиот центар, другите се стационирани во здравствените домови низ државата и воспоставени се комплетни стандардни процедури во однос на нивното складирање, диструбуција и апликација, вели Грозданова.

Претседателката на Комитетот за имунизација информира дека медицинските лица од вакциналните тимови, поминале две виртуелни обуки и две обуки во живо, со цел процесот на вакцинација да се одвива според сите стандарди кои ваквиот процес ги бара.


Слично

Поврзани вести