Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАКА ТАКА НЕБИУ МУ ГО „СИТНИ“ ИМОТОТ НА МИЈАЛКОВ - му продаде три стана и гаража под Панорама, во буџетот врати 332 илјади евра

ВАКА ТАКА НЕБИУ МУ ГО „СИТНИ“ ИМОТОТ НА МИЈАЛКОВ - му продаде три стана и гаража под Панорама, во буџетот врати 332 илјади евра

Поранешниот директор на УБК навистина остана без своите три стана и гаражата, кои ги имаше огласено на продажба Агенцијата за управување со одземен имот. 

Денеска Агенцијта овие три стана и гаражата ги продаде преку електронско наддавање, и за нив инкасираше вкупна сума од 332 илјади евра. Станува збор за три стана со вкупна површина од 224 метри квадратни и гаража од 30 метри квадратни кои се наоѓаат во центарот на Скопје, веднаш под Панорама. 

Треба да се спомене дека овие продадени недвижности се само дел од имотот кој му беше одземен на Мијалков во предметот „Империја“ а нема официјална информација дали станива збор за еден или повеќе купувачи.

„Имајќи предвид дека продажбата се одвиваше по пат на електронско наддавање, транспарентно за целата јавност, со задволство објавувам дека продажбата на три стана кои се наоѓаат на улицата Славејко Арсов, еден од 78 метри квадратни и два од по 73 метри квадратни и гаража од 30 метри квадратни се одвиваше непречено и истите завршија успешно. Согласно постигнати вредности во државниот Буџет ќе бидат уплатени парични средства кои беа одземени од граѓаните и ќе бидат повратени во вкупна вредност од 332.276 евра“, изјави Дритон Небиу, директор на Агенцијата за управување со одземен имот.

Ова е втора лицитација на дел од имотот одземен од Мијалков која заврши со успех, откако претходно, во септември, за вкупна сума од 244 илјади евра беа продадени два стана во Охрид и една парцела земјоделско земјиште.

Од агенцијата најавуваат дека идната недела повторно ќе се продава дел од имотот на Мијалков, а граѓните ќе бидат извесени преку оглас кој ќе биде објавен на страната на Агенцијата.

„Ја инфромираме јавноста дека продолжуваме и понатаму за истиот предмет и во најскоро време ќе објавиме продаба и за други недвижености за кои веќе имаме правосилни судски одлуки. Целиот имот опфатен во предметот „Имеприја“ а одземен од Сашо Мијалков, тоа што останало, недвижности, градежно земјиште и станови ќе гледаме кој од нив е веќе подготвен и ќе се огласи“, соопшти Небиу.

Директорот на Агенцијата, Небиу, пред петанесетина дена алармираше дека кон него се вршат притисоци и дека добива закани околку денешното наддавање на имотот на Мијалков за што го извести и МВР. Денеска тој повторно не кажа од каде доаѓале законите и притисоците.

„ Мислам дека има напредок превземени се конкретни чекори“, кусо кажа Небиу.

Порнешното СЈО го отвори случајот „Империја“ во 2018 година а го заврши Обвинителството за гонење на организиран криминал. За злосторничко здружување, измама, перење пари, оштетување или повластување на доверители и злоупотреба на службената положба и овластување беа обвинети околу 20 лица. Со цел да добие спогодба со Обвинителството и помала затворска казна, односно три години, екс шефот на тајната полиција и предаде имот вреден над 20 милиони евра како и 6,1 милион евра во готово. 

Слично

Поврзани вести