Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАКА ИЗГЛЕДААТ 100.000 ШВАЈЦАРСКИ ФРАНЦИ - Царина ги фати на Деве Баир кај турски државјанин кој возел гостиварски автобус, еве како ги криел

ВАКА ИЗГЛЕДААТ 100.000 ШВАЈЦАРСКИ ФРАНЦИ - Царина ги фати на Деве Баир кај турски државјанин кој возел гостиварски автобус, еве како ги криел

При контрола на автобус пријавен за излез на ГП Деве Баир, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржале 100.000 швајцарски франци, соопшти Царината.

„На ГП Деве Баир за излез се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки GV7396АD на превозникот Експрес Туризам од Гостивар, управувано од лицето Х.О државјанин на Р.Турција, кој сообраќа на редовна линија Гостивар - Истанбул. При извршена детална контрола и личен претрес на возачот во внатрешниот џеб на панталоните му биле пронајдени непријавени две пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале 100.000 швајцарски франци“, соопшти Царинската управа.

Девизните средства се привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени предмети, а противпријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Основниод суд Во Крива Паланка.

Слично

Поврзани вести