Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАКА ИЗГЛЕДА ВИЛАТА НА БОКИ 13 - Златни детали, скапоцени уметнички слики, се „пука“ од луксуз. Пишуваат српски медиуми

ВАКА ИЗГЛЕДА ВИЛАТА НА БОКИ 13 - Златни детали, скапоцени уметнички слики, се „пука“ од луксуз. Пишуваат српски медиуми

По пресудата од девет години затвор за Бојан Јовановски, дел од српските медиуми се занимаваат со неговиот стил на живот.

Како што е познато, еден период во животот Боки 13 живееше и работеше во Србија.

„Бојан Јовановски е осуден на девет години затвор за проневера на пари во проектот „Европски центар за возрасни“. Македонскиот шоумен, кој со години ја има невладината „Меѓународен сојуз“, е познат по луксузниот живот што го води, а очигледно животот на високата нога го обезбедил со проневерени пари“, пишува порталот Курир.стил.

Според објавите кои се исклучително чести на социјалната мрежа „Инстаграм“, домот на Боки13 е еден од полуксузните домови кога се во прашање познатите личности од Балканот.

Црни ѕидови, златни детали и скапоцени уметнички дела се само дел од сцените од домот што го одземаат здивот, пишува порталот.

Извор и фото. Курир.стил.рс

Слично

Поврзани вести