„ВАКА ИЗГЛЕДА ПЕКОЛОТ НА ЗЕМЈАТА, ПЕКОЛОТ НАД МАКЕДОНИЈА И ПЕХЧЕВО“: Струмичките пожарникари со страотно видео покажаа што остана по пожарот
Пожарите направија голем пустош во земјава. На фејсбук групата „Струмички пожарникари“, пожарникарите објавија видео на кое се гледа што остана по пожарот кој два дена гореше во Пехчево.
„ВАКА ИЗГЛЕДА ПЕКОЛОТ НА ЗЕМЈАТА, ПЕКОЛОТ НАД МАКЕДОНИЈА И ПЕХЧЕВО!!!
Уништени се стотици хектари квалитетна борова шума, едни од најубавите места во Македонија.
Пожарот е ставен под контрола, стотици пожарникари-спасители, припадници на Тигрите, ЕБР, АРМ, доброволци.... учествуваа во гаснењето на огнената стихија.
Благодарност до сите граѓани кои не подржуваат во овие тешки денови.“
Слично
