Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вајгл: На Македонија перспективите ѝ се отвораат по успешно завршените избори

Вајгл: На Македонија перспективите ѝ се отвораат по успешно завршените избори

Известувачот за Македонија и член на Европскиот парламент Иво Вајгл се надева дека на 11 декември ќе се одржат кредибилни избори, а нивните резултати ќе бидат прифатени од сите учесници.

За Македонија кажа дека перспективите ѝ се отвораат по 11 декември и успешно завршените избори.

„Имам надеж дека на 11 декември ќе се одржат избори. Тоа ќе значи исполнување на обврските преземени со договорот од Пржино во однос на реформите и секако способноста и подготвеноста на сите политички партии да се соработува по изборите, кои очекуваме да бидат демократски, транспратентни и согласно европските стандарди, а резултатите да бидат прифатени од сите политички партии“ – вели Вајгл.

Тој, како што изјави на денешниот Регионален форум на политики за добро владеење, очекува во Европската унија да победат силите кои се борат за проширување на Унијата и во скоро време да бидат интегрирани и земјите од Западен Балкан.

Вајгл додава дека Специјалното јавно обвинителство треба целосно и безусловно да биде почитувано.

„Сега треба да му овозможиоме на СЈО да испорача резултати и да не се прават опструкции во неговата работа“ - рече тој. 

Вели дека СЈО треба да го одбере јазикот, методите и позицијата согласно валдеењето на правото. 

Наведува дека и борбата против корупцијата е многу важна. 


Слично

Поврзани вести