Вајгл, Кукан и Флекенштајн загрижени за неоправданото пролонгирање на кризата
Не гледаме никакво оправдување за одолговлекувачките тактики што се користат во Собранието за одложување на изборот на нов спикер и за формирање влада, стои во заедничкото изјава на тројцата европратеници, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, по средбата со министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, во Стразбур.
Попладнево Европскиот парламент на пленарна седница треба да расправа за ситуацијата во Македонија.
„Како членови на Европскиот парламент кои ги поддржаа сите напори за надминување на актуелната криза и кои работеа напорно за поддршка на европската перспектива на македонските граѓани, длабоко сме загрижени за неоправданото пролонгирање на кризата и за порастот на последици за земјата, вклучувајќи го и влошувањето на меѓуетничките односи. Гласањето за извештајот за земјата за 2016 година веќе беше двапати одложувано како директна последица на несигурноста во земјата и вечерва на пленарна седница на Европскиот парламент ќе дебатираме за ваквата ситуација“ – стои во изјавата на тројцата европратеници.
И покрај ова, ние тие веруваат дека ситуацијата во земјата може да се подобри преку спроведување на демократски процеси, кои треба да доведат до надминување на политичката криза.
