Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вајгл, Кукан и Флекенштајн: Mакедонскиот народ заслужува да види дека новата влада енергично напредува

Вајгл, Кукан и Флекенштајн: Mакедонскиот народ заслужува да види дека новата влада енергично напредува

Тројцата европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн го поздравија формирањето на новата влада и апелираа сите партии да дејствуваат во конструктивен дух на помирување. 

Велат дека македонскиот народ веќе долго чекаше и заслужува да види дека новата влада енергично напредува во својата инклузивна и реформска агенда. 

„Исто така, се радуваме на соработка на Европскиот парламент со Собранието за исполнување на аспирациите на граѓаните и за неопходните реформи, кои ќе ѝ овозможат на државата да преземе конкретни чекори кон членство во ЕУ.  Му честитаме на премиерот Заев за формирањето на новата влада и за нејзината програма. Охрабрени сме од конструктивната парламентарна дебата за програмата и од заложбата на владата да ја обедини земјата околу една програма што треба да им служи на сите граѓани, да испорача резултати за реформските приоритети и да работи на евроатлантска интеграција. Се надеваме дека сите политички партии сега ќе дејствуваат во конструктивен дух на помирување, за заеднички интерес на сите граѓани и ќе работат со новата влада на враќање на довербата во државата и во нејзините институции, вклучувајќи целосно спроведување на Договорот од Пржино и реформски приоритети“ - стои во заедничката изјава. . 

Тие порачуваат дека по три одложувања поради политичката несигурност, очекуваат Европскиот парламент да гласа за извештајот за државата за 2016 година на закажана седница во јуни.

Слично

Поврзани вести