Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вајгл, Кукан и Флекенштајн ќе се сретнат со Јанева и политичкиот врв

Вајгл, Кукан и Флекенштајн ќе се сретнат со Јанева и политичкиот врв

Tројцата известувачи на европарламентот за напредокот на Македонија, европратениците Кнут Флекенштајн, Едвард Кукан и Иво Вајгел денеска во Скопје ќе се сретнат со политичкиот врв, граѓанските орагнизации и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. 

Средбата ја започнаа со Јанева во Делегацијата на ЕУ. каде што се сретнаа и со лидерите на ДПА и ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети.

Подоцна ќе имаат разговори со лидерот на  СДСМ, Зоран Заев, а на крајот е предвидена средба со заменик претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски.

Во фокусот на разговорите е  подготовката за изборите и за текот на изборната кампања.

По завршување на средбите ќе има и прес-конференција. 


Слично

Поврзани вести