ВАЈГЛ И ДЕНЕС ВО СКОПЈЕ: Очекува „само добро“
Проектот „Жан Моне“ ќе биде главна тема на денешната средба на европскиот пратеник Иво Вајгл кој втор ден е во земјава.
Словенецот кој јавноста го запозна во дијалогот од Пржино денеска во главниот град ќе продолжи со агендата на која се средби со координаторите на пратеничките групи во Собрнието на Македонија.
Вајгл вели дека сака да зборува за проектот кој значи покренување на дијалог на политичките играчи во Македонија и интеракција со парламентарците од ЕП, а посочи дека кога е во Скопје, очекува само добро.
За денес е планиран и брифинг со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а и со амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар а на тие средби се очекува да се спомне и можноста за отпочнување дијалог меѓу различните пратенички групи во Собранието на одредени теми.
