Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вајгл го оцени како конструктивен дијалогот меѓу Скопје и Атина

Вајгл го оцени како конструктивен дијалогот меѓу Скопје и Атина

Скопје и Атина имаат конструктивен дијалог, смета известувачот за Македонија во Европскиот парламент, словенечкиот европратеник Иво Вајгл. 

Вајгл не крие дека сега постои оптимизам за можниот напредок на Македонија во евроатлантските интеграции. Тој е  голем оптимист. 

„Верувам дека проблемот со Грција нема да биде онаа бариера преку која Македонија нема да може да помине. И на пленарната дебата јас истакнав дека земјите кои се членки на ЕУ не смеат да бидат пречка, да вршат притисок или да ги уценуваат државите кандидати. Тука се разбира мислев и на македонските соседи и мислам дека тоа беше и така сфатено“ – нагласи европратеникот.

Тој  вели дека целата Европска унија конечно го сфатила значењето на земјите од Западен Балкан, а доказ за тоа е неодамна претставената Стратегија за проширување на ЕУ кон оваа група земји.

Нагласува дека од самиот документ е видливо дека поддршката која ЕП и ја дава на Македонија во изминатите години се претвори во некаков стратегиски интерес и трајна ориентација на ЕУ сите држави од Западен Балкан да станат членки.

Вајгл потсетува дека сегашниот позитивен развој во Македонија почна порано и дека тој треба да се зачува со конструктивно партнерство меѓу владината коалиција и опозицијата.

„Во расправата ние истакнавме дека Македонија не е од вчера, туку дека позитивниот развој кој го забележавме по последните избори со новата Влада е граден врз достигнувањата од претходните периоди и дека не треба да се создава впечаток дека сè почна вчера. Но тоа што е исклучително важно е Собранието во Македонија да создаде атмосфера на нормална демократска соработка и натпревар на идеи, но се треба да биде поврзано со интересот на државата“ – вели европратеникот.

За чекори напред вели дека се потребни храбри политичари. 

Слично

Поврзани вести