Економија, финансии, бизнис

Контакт

В среда резолуцијата за Македонија на дневен ред во ЕП

В среда резолуцијата за Македонија на дневен ред во ЕП

Европскиот парламент во среда  ќе гласа за резолуцијата за Република Македонија. 

Tаа се однесува на извештајот на Европската комисија за 2016 година, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Резолуцијата предложена од словенечкиот европратеник, Иво Вајгл е ставена на дневен ред за гласање во среда напладне. Истиот ден ќе се гласаат и резолуциите за Србија и Косово.

За  јунската сесија во Стразбур, не е предвидено да се води дебата пред гласањето, со оглед дека европратениците веќе дебатираа за Извештајот и за ситуацијата во Македонија за време на мајската сесија. Претходно беше одложено гласањето, се додека не се разјасни политичката ситуација во Македонија.

Во комисијата „за“ гласаа 54 европратеници, а „против“ беа 9 од кои 7 грчки европратеници и два други од групата на Европската обединета и нордиска левица.

Со оваа резолуција, уште еднаш се препорачува започнување на преговорите за членство на Република Македонија со Европската Унија.

Слично

Поврзани вести