Економија, финансии, бизнис

Контакт

В понеделник Села ќе се појави во јавност по тепањето во Собранието

В понеделник Села ќе се појави во јавност по тепањето во Собранието

Претседателот на Движење за реформи на ДПА (ДР-ДПА), Зијадин Села, првпат по нападот во Собранието на 27 април,  ќе одржи прес-конференција в понеделник. 

Оваа информација ја објави портпаролот на ДР-ДПА, Арбен Таравари, на својот Фејсбук-профил.

„ДР-ДПА со задоволство известува дека в понеделник, во 13 часот, во седиштето во Тетово ќе се одржи првата прес-конференција на нашиот претседател Зијадин Села. Прес-конференцијата е првата по нападот на 27 април, кога лидерот Села беше онеспособен и сериозно повреден, но Албанците не потпаднаа на гнев кон криминалците и на радост на секој пријател на Албанците, господин Зијадин Села се враќа в понеделник во Тетово“- напиша Таравари.

Села беше тешко повреден по што недела дена беше во болница, а подоцна беше објавено дека ќе мора да направи и дополнителни испитувања во странство. Неговите напаѓачи, татко и син беа упасени и ќе одговараат за обид за убиство. 

Слично

Поврзани вести