Економија, финансии, бизнис

Контакт

В петок: Тркалезна маса – „Успешните претприемачи – позитивен пример за младите“

В петок: Тркалезна маса – „Успешните претприемачи – позитивен пример за младите“

Овој петок со почеток во 11:00 часот, во просториите на Бизнис конфедерацијата на Македонија (ул. „Васил Ѓоргов“ бр. 11, втор спрат) во Скопје, „Мрежата за поддршка на млади претприемачи“ ќе го организира третиот состанок со претставници од невладини и владини институции на тема „Успешните претприемачи – позитивен пример за младите“, кој воедно е третиот столб од Европската претприемачка стратегија 2020.

Целта на овој состанок е преку дијалог да се добие релевантен придонес потребен за развој на заеднички стратешки акционен план на „Мрежата за поддршка на млади претприемачи“ во согласност со Европската претприемачка стратегија 2020. На состанокот ќе бидат презентирани и активностите на мрежата, како и можностите за вклучување на граѓанските организации.

Организаторот ги поканува сите претставници од невладини и владини организации кои работат со млади во доменот на претприемништвото да земат учество на настанот.

Вашето учество може да го пријавите со испраќање порака на: fk@bcm.mk

Проектот „Мрежа за поддршка на млади претприемачи” е финансиран од Европската Унија и има за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации и да овозможи нивно вмрежување и координација на иницијативите за поттикнување на младинското претприемништво и активно вклучување на младите на пазарот на трудот.

Слично

Поврзани вести