Економија, финансии, бизнис

Контакт

В недела повреди на избирачко право ќе може да се пријавуваат во Хелсиншки

В недела повреди на избирачко право ќе може да се пријавуваат во Хелсиншки

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ги информира граѓаните дека в недела канцеларијата  ќе биде отворена цел ден за да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право во вториот круг од локалните избори.

Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот кој се наоѓа на улица Наум Наумовски Борче бр. 83 во Скопје. Доколку граѓаните не се во можност да дојдат до просториите на Комитетот, случаите на повреда на избирачкото право можат да го пријават и преку телефонски број 02-3119-073.

Покрај личното и телефонското пријавување, овозможена е и пријава преку е-пошта на helkom@mhc.org.mk. Пријавите преку е-пошта треба да содржат кратко образложение за настанатата повреда, локација (изборна единица и број на гласачко место) и време на настанување на повредата на избирачкото право.

Граѓаните можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно. Сите пријави до Комитетот ќе бидат дополнително истражени со цел да се верификува нивната веродостојност.

Тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани од страна на Хелсиншкиот комитет и тие нема да бидат објавени без претходна дозвола од страна на граѓаните што ја пријавиле повредата.

Слично

Поврзани вести