Узурпирал плажа во Охрид со 50 чадори и 120 лежалки
МВР информира дека СВР Охрид поднело кривична пријава против Б.А.(25) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид поради узурпација на простор кој го наменил за плажа.
Од јуни до октомври 2022 година неовластено узурпирал околу 200 метри квадратни простор на плажа пред хотел покрај брегот на Охридското Езеро, кој со пропис е прогласен за имот од општа употреба.
Противправно поставил 50 чадори за сонце и 120 лежалки. Тоа го направил без да добие одобрение од надлежните служби во општина Охрид.
Слично
