Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЖИВАЈТЕ ВО ВИКЕНДОТ - променливо облачно со сончеви периоди, промена од понеделник, доаѓаат нови врнежи и пад на температурите

УЖИВАЈТЕ ВО ВИКЕНДОТ - променливо облачно со сончеви периоди, промена од понеделник, доаѓаат нови врнежи и пад на температурите

Променливо облачно со сончеви периоди најавуваат синоптичарите за денеска. Температурите ќе се движат од минимални два степени под нулата на повисоките места, па се до максимални 14 степени на југот на земајта. 

- Наутро со услови за магла и ниска облачност. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди, а наместа и претежно попладне со услови за појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје, претежно облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер - соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. 

променливо облачно ќе биде и во недела, а температурите и понатаму ќе бидат во сличен интервал. Заладување според прогнозата на УХМР следува веќе од пондеделник. 

Со почетокот на новата работна недела, синоптичарите најавуваат нови врнежи од дожд, а понекаде и снег, а максималните температури ќе достигнуваат до 8 степени во понеделник и до 6 степени во вторник.  

Слично

Поврзани вести