УЖИВАЈТЕ ВО СОНЧЕВИОТ ДЕН - ОД УТРЕ ДОАЃА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: температурите денес и до 30 степени
Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Температурите ќе се движат и над просекот за овој период од годината. Утринските ќе бидат во интервал од 4 до 8 степени Целзиусови, додека максималните дневни температури ќе достигнат и до 30 степени.
Во текот на попладнеевните часови се очекува да се зголеми облачноста, укажуваат од УХМР.
Во Скопје, сончево и топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.
Веќе од почетокот на новата работна недела синоптичарите најавуваат зголемување на облачноста, особено во попладневните часови.- Во понеделник наутро ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за појава на невреме. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање - соопштуваат од УХМР.
