Економија, финансии, бизнис

Контакт

„УЖИВАЈТЕ ДО СРЕДА ВО ТОПЛОТО ВРЕМЕ, НО ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА ПО 15 АПРИЛ“ - прогноза на Славчо Поповски

„УЖИВАЈТЕ ДО СРЕДА ВО ТОПЛОТО ВРЕМЕ, НО ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА ПО 15 АПРИЛ“ - прогноза на Славчо Поповски

Славчо Поповски со прогноза.

„Јас постојано ја следам состојбата со прогностичките модели околу можните касни зимски продори од средината, како и во втората половина на овој месец на Балканот, вклучувајќи ја секако и нашата Македонија.

Според она што моментално е достапно на истите, тоа е пообилен снег на планините  и формирање на снежна покривка во регионот, како и на планинските места во Македонија, но и голем пад на температурите на воздухот кој ќе бидат потпросечни за месец  Април.

Сето ова е поради можниот продор на ладен воздух од северот  и од северозападот на Европа кон нашите краишта, веднаш по 15 Апарил. Дури можно е снежната граница да се спушти понекаде  и во пониските места во регионот (градовите).

Што се однесува до времето до среда, уживајте во прекрасното стабилно, суво, сончево и летно топло време со високи температури на воздухот за овој период од годината, кој во најтоплите централни и југоисточни предели ќе се искачат и до околу 30 степени“, пишува Поповски.

Слично

Поврзани вести