Економија, финансии, бизнис

Контакт

„УЖАСНА БЕШЕ ГЛЕТКАТА КОЈА ЈА ЗАТЕКНАВ РАНО УТРОВО ВО ДИСКОТЕКАТА ВО КОЧАНИ“ - директорот на ЦУК Стојанче Ангелов се огласи на фејсбук

„УЖАСНА БЕШЕ ГЛЕТКАТА КОЈА ЈА ЗАТЕКНАВ РАНО УТРОВО ВО ДИСКОТЕКАТА ВО КОЧАНИ“ - директорот на ЦУК Стојанче Ангелов се огласи на фејсбук

Се огласи директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, на социјалната мрежа фејсбук.

„Ужасна беше глетката која рано утрово ја затекнав во изгорената дискотека во Кочани. Всушност, ужас не е доволен збор. Не постои соодветен збор со кој можам да ја опишам оваа ужасна трагедија. Не можам да одберам ниту соодветен збор со кој ќе ја опишам тагата која ја чувствувам цел ден. Скршен од болка не можам да најдам ниту доволно силен збор со кој можам да го искажам моето сочувство кон сите кутри семејства кои ги загубија своите млади синови и ќерки. Бог да ги прости починатите и нека им дава сила на нивните семејства.


Слично

Поврзани вести