УЖАС ВО ВЕЛЕС: Маж нападнал жена на работното место, а потоа и дома
Полицијата го уапси 59-годишниот велешанец кој по напад на работно место, двапати влегол во дом на жената со употреба на сила и пак ја нападнал.
На улицата Благој Ѓорев во Велес, на 18 септември околу 23 часот, полициските службеници од СВР Велес го уапсија 59-годишниот Ј.С. од Велес, поради сомнение за извршено семејно и насилничко дело.
Според пријавата поднесена од 51-годишната К.Х. од Велес, осомничениот прво физички ја нападнал на нејзиното работно место, а потоа во два наврати со сила влегол и во нејзиниот дом, каде што повторно ја нападнал.
„Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица. За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираа од полицијата.
Полицијата најавува дека ваквиот вид на насилство ќе биде строго санкциониран, со цел да се заштитат жртвите и да се превенираат идни инциденти.
Деновиве се случи двојно убиство и самоубиство во Велес, каде 39 годишен скопјанец ја убави својата поранешна девојка и нејзиниот татко. Вчера граѓаните протестираа пред полицијата и бараат ваквите немили настани да не се повторуваат.