Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЖАС ВО КУМАНОВО: Татко ја силувал малолетната ќерка, снимките ги објавувал на социјални мрежи

УЖАС ВО КУМАНОВО: Татко ја силувал малолетната ќерка, снимките ги објавувал на социјални мрежи

Вистински ужас доживеало малолетно девојче од Куманово. Нејзиниот татко за кој сега има Наредба за спроведување истражана постапка во повеќе наврати годинава ја силувал, а дејствата ги снимал и ги објавувал. Основното јавно обвинителство Куманово соопшти дека настаните се случувале во мај и јуни годинава и побара притвор за осомничениот кој има 39 години.

„Осомничениот во својот дом во Куманово, во повеќе наврати во временскиот период од мај до јуни 2021 година, извршил друго полово дејствие  врз дете, негова ќерка. Притоа ги снимал дејствијата со мобилен телефон, ги дистрибуирал направените видеа преку социјална мрежа и ги направил достапни на повеќе лица, стои во соопштението.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, а поради опасност од бегство и повторување на кривичното дело, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово достави Предлог за определување на мерката притвор за осомниченот.

Предлогот на обвинителството е прифатен и со Решение на Судот на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 30 дена.


Слично

Поврзани вести