УВОТО ЌЕ ТИ ГО ИСЕЧАМ СО НОЖ - НОВИНАРКА НА АЛСАТ НАЛУТИЛА ФАН НА ОЏАТА ОД САРАЈ, ЗНМ бара итна реакција
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска побара итна реакција од надлежните органи поради експлицитни закани упатени кон новинарката на ТВ Алсат М, Рита Бехадини за нејзина објава поврзана со јавен став искажан од страна на оџата од Сарај на социјалната мрежа Фејсбук.
Како што информираат од ЗНМ, објавено на официјалната интернет страница на Здружението, Бехадини денеска се обратила до ЗНМ каде пријавила дек во последните неколку дена е цел на закани од лица со профили на Фејсбук, меѓу кои посочила една која се издвојува поради експлицитноста на заканата.
Имено, како што се наведува, во објава од извесен профил на социјалната мрежа именуван како Fisnik Hoxha е посочена следната закана:
,Ај избриши го постот што го напиша против оџата, семејството ќе ти го е****. Утре ќе дојдам пред Алсат, увото ќе ти го исечам со нож”. ,
Од ЗНМ посочуваат дека заканата претставува директен повик за физичко насилство кон новинарката со која се загрозува нејзината безбедност, а потенцијално и сигурноста на останатите нејзини колеги од овој медиум.
Случајот е пријавен во полиција и од Здружението на новинарите бараат брза и ефикасна истрага за пронаоѓање на заканувачот или заканувачите.
