Утврден е идентитетот на обесеното тело во Ресен
Вчера беше објавено дека е пронајдено обесено тело во фаза на распаѓање во борова шума во Ресен. Денес од МВР соопштија дека е утврдено за кого се работи. Како што информираат од МВР, се работи за ресенчанецот А.И. кој на 13 февруари годинава бил пријавен за исчезнат. Телото било пронајдено на 24 месецов, првично со неутврден пол, бидејќи било во фаза на распаѓање.
Слично
