Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утврдено што е украдено од МИА

Утврдено што е украдено од МИА
Македонската информативна агенција (МИА) за време на божиќните празници беше ограбена, а споре динформации на МВР украдени се еден мобилен телефон и два лап-топ компјутери. 

Кражбата се случи ноќта меѓу 6 и 7 јануари, во 00.56 часот. Според информациите од полицијата, сторителот го скршил катанецот од решетките од задниот влез на агенцијата, влегол внатре и одзел еден мобилен телефон и два преносни компјутери со оригинални торби, по што избегал.

Украдените предмети се вредни околу 70.000 денари, а крадецот причинил и материјална штета од околу 5.000 денари. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести