Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утврдени пропусти кај 39 полицајци при пријавувањето на Стојанче

Утврдени пропусти кај 39 полицајци при пријавувањето на Стојанче

Одделот за внатрешна контрола утврдил дека 39 припадници на полицијата погрешно постапиле во случаите каде Стојанче Јовановски, обвинет за три кривични дела меѓу кои и наведување на самоубиство на сопругата Ивана, бил пријавуван од страна на сопругата, но и од страна на други лица, пишува „Слободен печат“.

Одговорот кој го добиле од МВР гласи: „Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди утврдил пропусти во постапувањето на 39 свои полициски службеници кои постапувале по пријавите за семејно насилство во конкретниот случај.“

Внатрешната контрола при МВР по прибирањето на информациите доставиле известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, каде има посебно одделение за припадници на полицијата.


Слично

Поврзани вести