Утврден идентитетот на жртвите чие возило излета во реката Пена
Полицијата го утврди идентитетот на жената-совозач која загина во сообраќајната несреќа што вчера се случила на патот кон местото викано Бањиче на неколку километри оддалеченост во Тетово. Возачот ја изгубил контролата над возилото и излетал од патот. Во автомобилот имало четворица патници, а жената починала на самото место, иако засега не е познат нејзиниот идентитет. Другите тројца повредении се примени во Тетовската болница.
Синоќа во 23.00 часот пред угостителски објект на локален пат Тетово- Бањиче патничко моторно возило„Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ш.Г.(32) од селото Лисец излетало од патот во коритото на река Пена. Во незгодата од здобиените повреди на лице место починала сопатничката М.К.(44) од Тетово, а смрт е констатирана од доктор од итна медицинска помош. По незгодата со возило на итна медицинска помош, Ш.Г. и сопатниците Ш.К.(19) од Тетово кај која од доктор се констатирани тешки телесни повреди и Б.Е.(34) од Гостивар се пренесени во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош.Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на јавен обвинител телото на починатата е пренесено во Клиничката болница во Тетово - Оддел за Судска Медицина за да се изврши надворешен преглед од доктор.
Слично
